Втора година по ред ФЛЕКС КРЕДИТ ги наградува своите вработени со летувања за целото семејство на атрактивни локаци во Египет, Турција и Грција

Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група која што од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во источна и јужна Европа. Нашиот меѓународен тим брои над 2.000 вработени и соработници во повеќе од 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина.

На финансискиот пазар во Македонија сме присутни од 2020 година и за само две години активно работење прераснавме во една од најголемите небанкарски финансиски институции во земјава, којa бележи постојан раст и одржлив развој. Тој денес резултира со над 150 вработени и повеќе од 50 филијали во Македонија.

Тајната за успехот на Флекс Кредит Македонија  се должи на нашите вработени. Во моментот во компанијата работат над 150 висококвалификувани,  амбициозни и енергични вработени кои се амбасадори на нашиот бренд. Како тим се стремиме да обезбедиме финансиска поддршка на секој наш клиент, извонредно корисничко искуство и максимално транспарентни и прифатливи услови. Покрај низата финансиски бенефиции нудиме и пакет нефинансиски бенефиции. Како работодавач сме целосно фокусирани на креирање пријатна работна средина со неограничени можности за професионален развој и унапредување на нашите вработени.

За поттикнување на натпреварувачкиот дух, втора година по ред организираме наградна игра за сите вработени од трговската структура. Вработените имаа можност да се натпреваруваат според перформансите во повеќе параметри во период од три месеци. Вработените со најдобри резултати во својата група ги наградивме со летувања за целото семејство на атрактивни локаци во Египет, Турција и Грција.

Нашиот тим е нашата најголема сила и клучот на успехот на Флекс Кредит. Водени од овој

концепт, грижата за нашите вработени, нивната благосостојба и напредок е приоритет број еден на кој континуирано работиме и го унапредуваме.