Време – Од вторник заладување, дотогаш сончево и топло

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и топло. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14 Целзиусови степени, а дневната температура ќе се движи од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од источен правец. Температурата ќе се движи од  12 до 31 степен.

До понеделник продолжува периодот на стабилно, суво и топло време. Во недела ќе има извесно зголемување на облачноста со умерен северен ветер и благо опаѓање на дневната температура. Позначителна промена на временската состојба со поизразено заладување се очекува од вторник.