Време – врнежливо

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег. Ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Попладне врнежите ќе престануваат, а кон крајот на денот облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум степени, а дневната температура од минус два до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, Ќе дува силен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до пет степени.

Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска. Во среда ќе има преодна стабилизација. Нови врнежи се очекуваат во четврток.