Вредноста на биткоинот би можела да потоне на нула

Berlin, Germany - July16, 2017: Golden Bitcoin Coin and mound of gold. Bitcoin cryptocurrency. Business concept.

Вредноста на биткоинот би можела да потоне на нула, изјави за Си-Ен-Би-Си еден од најважните инвеститори во крипто заедницата, за време на дебата во Давос која се фокусираше на иднината на технологијата позната како блокчејн (blockchain).

Според податоците на Коинмаркеткап (Coinmarketcap), криптовалутите имаа „дива“ 2018 година, со вредност од над 480 милијарди долари која е избришана од целиот пазар. Откако постигна рекордно ниво во 2017 година, биткоинот, најголемата криптовалута според пазарната капитализација, драматично опадна. Таа во средата се тргуваше за 3.571 долари.

Некои експерти веруваат дека тоа би можело да оди и уште пониско.

– Верувам дека ќе оди на нула. Мислам дека тоа е одлична технологија, но не верувам дека тоа е валута. Не се базира на ништо, рече Џеф Шумахер, основач на БЦГ Диџитал Вентурес (BCG Digital Ventures), за време на панел дискусија во Давос, организирана од Си-Ен-Би-Си.

Шумахер е голем инвеститор во компании фокусирани на блокчејн.

За време на расправата, Глен Хатчинс, претседател на Норд Ајланд (North Island), рече дека улогата на биткоинот во иднина би можела да биде фокусирана на поддржување на вредноста.

– Можно е улогата на биткоинот во системот да биде враќање на вредноста, задржување на вашата вредност. Ќе имате токени кои имаат други употребни намени кои не ги користите во моментов, рече Хатчинс.

Сите панелисти се согласија дека фокусот е всушност на блокчејнот како технологија која може да се користи на различни начини. Веќе се гледа во кој правец тоа би можело да оди. Тоа особено се гледа во Азија, каде блокчејн технологијата се применува во областа на плаќањето.