Вработените во УЈП ќе протестираат секојдневно
Администрацијата излегува на протест. Од денеска вработените од УЈП секој нареден ден од 10 до 12 часот, ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски во канцелариите. Како што најавија синдикалните претставници, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк.
Инаку, вработените на УЈП и во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред Министерството за финансии. Побараа средба со министерот Фатмир Бесими, но тој не ги прими – со изговор дека се подготвувал општ колективен договор и дека периодов не можат да преговараат поединечно. Вработените тврдат дека претходно со министерството бил постигнат договор, но од непознати причини тој се уште не е потпишан од Бесими. Документот го пратиле до финансии, но се уште останува нејасно зошто министерот го чува во фиока и не го потпишува. Тие веќе предупредија дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на работата, а тоа ќе значи колапс за целата држава. Револт се зголеми откако министерството за финансии, под чија надлежност се тие, ги зголеми платите за 30%, но само за вработените во финансии. Инаку веќе од утре, протест најавија и од царинската управа. И тие бараат зголемување на платите и рекоа дека доколку не се слушне нивното барање, ќе се радикализираат, па дури и ќе затворат дел од граничните премини.