Вработена во домот за доенчиња и мали деца во Битола во алкохолизирана состојба, врзала едно од децата за кревет

Грозоморен чин во Битола. Пијана негувателка од домот за доенчиња врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила. Народниот правобранител веднаш, влегол во домот во Битола, ја прочешлале целата документација со која се потврдува шокантниот случај што ја вознемири јавноста. Омбудсманот бара надлежното Министерство да преземе најстроги мерки, вработената најостро да се казни, а во иднина да се води поголема грижа за тоа какви лица се вработуваат во установите за згрижување на деца.

Во разговор со директорот и правникот, како и увид во целокупната документација изготвена по повод настанот, наводите се потврдени и констатирано е дека вработената била во алкохолизирана состојба и дека едно од децата било во вреќа за спиење, која била врзана за кревет, со што детето било оневозможено да се движи велат од институцијата.


Пред една недела  полицијата  ја лиши од слобода 37 годишната вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола затоа што ги запуштала децатa згрижени во мал групен дом. За сега против воспитувачката нема поднесено кривична пријава.  Според неофицијални информации детето било со посебни потреби и имало само 7 години. Од Домот за доенчиња до сега нема никаков коментар, а од Министерството за труд и социјална политика само кусо одгoворија дека против вработената ќе биде покрената дисциплинска постапка.

Бојана Златкова




КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста