Во Oбвинителството има куп предмети за Мерко, но тие тапкаат во место

Финансиска полиција за ескпропријација на земјиште во Струга, Здружение на граѓани исто така од неговиот град, како и група на адвокати кои го обвинуваат за злоупотреба на службената положба, се дел од странките во предметите против Рамиз Мерко, струшкиот градоначалник кој од вчера е „Персона нон грата“ во САД. Обвинителството против него води шест предмети од кои два се во организиран криминал. Шефот на обвинителство допрва ќе проверува дали обвинителите постапувале законски отскако сериозно го сфатиле Стејт департментот.
Во текот на изминатите години против лицето се водени и повеќе други постапки по поднесени пријави од различни субјекти и институции. Јавното обвинителство исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана, информираат од Обвинителството.
Со актуелниот градоначалник се занимавала и антикорупциската комисија која утре на прес ќе информира за наводната корупција на градоначалникот. Членот на Антикорупциска, Владимир Георгиев вели дека не е ништо чудно што Мерко е на црната листа, со оглед на нивните сознанија.
Со оглед на нашето истражување, судиите и обвинителите не само што се под влијание на извршната власт, туку се и под влијание на претседателите на судовите. Чудно е што кога некој однадвор ќе го каже тоа се брануваат институциите, кога ние ќе кажеме нема реакции, вели Владимир Георгиев член на ДКСК.
Со оглед на активните предмети против него, актуелниот струшки градоначалник нема со кој не се замерил и со години е под лупа на истражните органи дека се работи надвор од законот.Против Рамиз Мерко има и затворени суддски предмети, но датираат од поодамна. Одбвинителството најавува дека и за овие предмети ќе се прочешла работата на обвинителите.
Паула Костадиноска