Во 2021 преполовена бројката на млади меѓу 15 и 29 години во источна Македонија, споредено со 2002
Речиси преполовена бројката на млади луѓе на возраст од 15 до 29години во Источна Македонија. Статистичките податоци помеѓу двата пописа на Државниот завод покажуват поразителни податоци.
Во единсетте општини во источниот регион за 44 % е намалена младата популација. Во 2002 имало вкупно 41.771 жител на возраст од 15 до 29, за разлика од 2021 кога во табелите за возраст се попишани 23.655 жители.
Телоп Работоспособно население на возраст од 15-29
Општини 2002 2021 разлика
Зрновци 721 315 -56,3%
Виница 4784 2320 -51,5%
Делчево 4102 1992 -51,4%
Пехчево 1163 605 -48,0%
Чешиново-Облешево 1563 815 -47,9%
Македонска Каменица 2061 1085 -47,4%
Пробиштип 3642 2007 -44,9%
Берово 3013 1700 -43,6%
Кочани 8695 5129 -41,0%
Штип 11223 7076 -37,0%
Карбинци 804 611 -24,0%
Прва по негативниот демографски раст во регионот е Зрновци. Доказ за тоа е и што во оваа општина првото бебе во оваа година се роди дури пред неполна недела. Но не само во Зрновци, егзодус врз младите луѓе е направен и во останатите градови низ државата. Ова се должи на лошата ситуација, беспарицата, девалвирани државни вредности, па поради тоа младите се иселуваат и наместо во Македонија, своите семејства ги создаваат низ светот..
Анкета
Статистистиќките податоци покажуваат дека Маврово и Ростуше се први по намалување на бројот на млади луѓеВо оваа општина бројот на млади луѓе за една декада е намален за дури 65,7%. Единствено позитивен тренд во бројот на млади луѓе од 15 до 29години е регистрирано во Арачиново и Студеничани. Во Арачиново бројот е зголемен за 2,1%, а во Студеничани за 5%.
Александра Ристевска