Во Штип, млекото и млечните производи се продаваат и по дома

Цените на млекото и млечните производи во маркетите го достигнаа својот максимум. Кашкавалот и сирењето за многуминаа станаа недостижни. Граѓаните бараат поевтина варијанта, па почнаа  директно да купуват од производителите.. 42годишниот Сељами Сулејман  од штипското село Шашаварлија секој петок на штипскиот пазар продава козјо сирење и млеко. Вели периодов драстично му е зголемена побарувачката. Освен на пазарот,  производите му  ги купуваат и од дома..

За 30 до 40% ми е зголемена потрошувачката..350денари козјото сирење, а млекото 1,6л.100денари. Околу 70денари го продавам литрото„-вели Сељами Сулејман, локален производител.

Главниот мотив е како да се преброди кризата. Секој се снаоѓа како знае и умее, велат граѓаните кои се желат на празните кесиња и уште попразните џепови..

Разгледуваме каде е поевтино таму. Пред 3-4 месеци успевав да се прехранам, а сега не ми стига пензијата. 500ден. за килограм сирење е нереално, се е покачено. Денес лебот е 40, утре веќе 45 денари„-се жалат граѓаните.

Наќе Михајлов има над 1500 овци и речиси две децении своите производи ги продава по пазарите. Вели дека не сака сирењето и урдата да ги продава на улица, напротив треба да има одредено место на пазарите каде што ќе може да ги изнесе своите производи. Според овој одгледувач, екстремниот скок на цените на млечните производи е нереален

Не е убаво тоа сирење, бидејќи не е вистинско млеко, а ова е право сирење. А покачувањето во маркетите е не реално„-вели Наќе Михајлов, сточар.

За разлика од маркетите каде овчо сирење се продава над 500денари, кај произведувачот истиот производ но со друг квалитет може да се купи од 400 до 450денари. Нлокален проиа социјалните мрежи веќе постојат  платформи и групи каде граѓаните онлајн можат да си купат тазе измолзено млеко или направено сирење директно од производителот.

Александра Ристевска

Advertisements

Поврзани вести