„Во Фокус“- 5 години ДУИ и СДСМ: Најавуваа намалување на бројот на министерствата, но наместо тоа, го зголемија

Ветуваа едно, направија друго. Пред да дојдат на власт најавуваа намалување на бројот на Министерствата, но наместо тоа, го зголемија.

„Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри – и да се два милиона што не се, на 81.000 луѓе во државата имате по еден министер… Тоа сметаме дека мора да се промени“ изјави Радмила Шеќеринска на 07.10.2015 година.

Сепак, во 2019-та, веројатно за коалициски мир, беа изгласани законски измени со кои Македонија доби едно министерство плус – Секретаријатот за спроведување на рамковниот договор беше претворен во Министерство за политички систем и односи со заедниците.

Формирањето на ова Министерство беше дел и од т. н. „Тиранска платформа“ која тогашниот мандатар Зоран Заев ја прифати за да стане премиер.

– „Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја; oстварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата и остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции“ пишува во точка 2 од т.н. Тиранска Платформа.

Но, токму инстутицијата која треба да се грижи за правичната застапеност не ги почитува основните принципи на кој би требало да се темели. Од вработените во оваа институција само 37% се Македонци, а 53% се Албанци.

Но, што во суштина работи ова Министерство? Ни првиот човек нема прецизен одговор.

– „Имавме одлична политичка школа за млади лидери на која учествуваа и Македонци и Албанци и Роми и Срби и сите заедници“ изјави Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем во септември година.

Веројатно најголемиот успех е организацијата на таканаречената рамковна прослава на годишнината од Охридскиот договор кога водителката беше исвиркана кога проговори на македонски јазик.

Алфа се обиде да дознае и колку е просечната плата на вработените, се повкавме и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, но не добивме одговор.

Сепак, во буџетот за оваа година биле предвидени повеќе од 222 милиони денари или 3.6 милиони евра за оваа намена. Оттука, ако се земе предвид дека институцијата има 404 вработени, нивната просечна месечна бруто плата би изнесувала речиси 46 илјади денри.

Прашање е и колку од нив навистина одат на работа со оглед на тоа што зградата во која е сместено Министерството има капацитет од 180 луѓе, а во неа се сместени уште четири други институции формирани по иницијатива на ДУИ.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести