Во фокус: Уцени и наредби од ДУИ, послушност и потчинетост од СДСМ – ова е односот на силите во владејачката коалиција

Уцени и наредби од ДУИ, послушност и потчинетост од СДСМ. Ваква е односот на силите на најголемите партии во владејачката коалиција кои пред да дојдат на власт ветуваа многу, но исполнија малку. Познавачите критикуваат дека политичката криза во Македонија и натаму може да се продлабочува со оглед на фактот дека интегративците се изборија за позиција, со уцени да бидат дел од најважните политички процеси. Според поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, тешко дека ДУИ ќе ги смени овие манири, бидејќи тие им даваат право да се закануваат со напуштање на владата, секогаш кога нешто не им одговара.

Однесувањето на голем дел функционери на ДУИ дополнително го засилува сомнежот за потчинетоста на СДСМ, која многу пати завршува со понижување на премиерот Ковачевски. Министрите од ДУИ, често пати знаат да изјават дека одговараат пред нивниот лидер Али Ахмети, а ретко кога се спомнува шефот на Владата.

Министри на Влада, не еднаш, ама еден најдрастичен предмет, директорот на Државни патишта. Не вика, јас сум од ДУИ, ама имам претседател на Влада. Се знае како оди постапката, дека лидерите на партиите предлагаат функционери. Но тој, експлицитно вели, мене ми е шеф Али Ахмети и тој ме именува – вели поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

Дали Македонија ја води до сега најлошата влада – е прашање кое е тешко да се одговори. Сепак, она што е јасно според Хајредини, иако граѓаните очекуваа големи промени со доаѓањето на СДСМ на власт, освен што влеговме во НАТО, ниту една друга цел не се исполни. И покрај тоа што, северноатлантската интеграција не чинеше скапо, со менување на уставното име на Македонија.

Кога заврши со ВМРО-ДПМНЕ, се создаде една клима дека има услови, Македонија да оди напред. Нажалост, освен што се оствари целта, Македонија да влезе во НАТО, другите работи не. Ништо друго не добивме – додава Хајредини.

Изјави дека функционерите на ДУИ не може никој да ги смени освен Али Ахмети, се даваа и пред три години, кога тогашниот премиер Зоран Заев најави дека ќе чисти во својот кабинет. И додека метлата тогаш го чекаше коалицискиот договор, министрите на ДУИ повторуваа, дека може да ги смени само Ахмети.

Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од метлата, по однос на функционерите од ДУИ, одлучува лидерот на ДУИ – изјави на 22 мај, 2019 година, Садула Дураку – поранешен министер за животна средина и просторно планирање.

Ден по ова, следеше само целосна кадровска смена на локалните организации во владејачката СДСМ.  Тогашниот претседател на партијата и владата, разреши 78 претседатели на општински организации.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста