„Во фокус“ – се повеќе се одомаќува „северномакедонски“

Северномакедонци, северномакедонски јазик, северномакедонска националност. Иако Преспанскиот договор не предвидува користење на овие термини, се почесто слушаме од важни европски и светски чинители изјави во кои целосно се менува идентитетот на Македонците. За ова предупредуваа и се уште предупредуваат познавачите. За поранешниот амбасадор во НАТО Мартин Треневски, не може да очекуваме почит од надвор, доколку немаме почит внатре во државата, а тоа е последица на поданичката политика на актуелната власт.
Старо правило, и во политиката и во дипломатијата. Ако вие немате респект сами за себе, не очекувајте респект од другите. Мѓународната заедница им приоѓа на проблемите прагматично. Има проблем, сака да се реши, на чија сметка:? Обично е послабата страна. Во контекст на проблемот со Грција, ние дефинитивно бевме послабата страна. Без разлика на дог. тие не го почитуваат, тие ни знаците не ги променија, тоа било до локалната самоуправа. Па кого прават наивен? И покрај тој договор, тајната грчка дипломатија работи во ОН да не се користи македонски јазик, туку јазикот на РСМ – изјави поранешниот амбасадор во НАТО и повеќе земји, Мартин Треневски.
Последици ќе има и понатаму, и ќе ги чувствуваат не само сегашните туку и идните генерации, бидејќи со Преспанскиот договор се разнебитува националниот идентитет – предупредува Треневски. Според него ние немаме алтернативна татковина, и мора со сите механизми да се бориме да се зачува македонскиот идентитет, наместо да стануваме северномакедонци, нешто што во Договорот не постои.
Преспанскиот дог е кукавичко јајце што ни се подметна на нашето национално битие, и тие последици ќе ги чувствуваат и нашите генерации. Ниту опозицијата, ниту власта немаат претстава, не ја гледаат големата слика. Тоа е со неколку зборови, разнебитување на мак национално битие, по основ на етнос, јазик и сите атрибути – коментира Треневски.
Моменталната ситуација дава впечаток дека не секој европски или светски бирократ е запознаен со деталите од Преспанскиот договор, поради што, грешките зачестуваат. Многу пати се користи придавката „северномакедонски“ или пак се избегнува терминот „македонски јазик“. Еден во низата примери е изјавата на португалската министерка за Европа Ана Паула Закаријаш дека македонскиот јазик како самостоен не постоел и бил дел од бугарскиот, а неодамна го нарече северномакедонски. Среде Скопје, австриски новинар во прашање на пресконференција на шефот на дипломатијата Османи, не нарече северно македонска нација. Некои коментатори на спортски натпревари за избраниците во националниот тим велат Северномакедонци наместо Македонци. За Грците пак, иако потпишавме договор за надминување на спорот многу често и натаму сме само Скопјани.
Адријана Алексиеска