„Во Фокус“: Се ветуваше многу, не излезе ништо- за ЕУ преку неуспешен референдум сменивме име, ветената европска иднина не ја добивме

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Референдумско прашање за кое граѓаните кажаа не преку бојкот и неизлегување.

Од сите овие ветувања и силна кампања добивме само неуспешен референдум.

Одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список, изјави Деркоски по крајот на референдумот.

Луѓето со бојкот кажаа НЕ за Северна, сепак добија друга реалност откако во Собранието, на сила, беа протуркани уставните измени.

Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, изјави Заев.

Од сите од власта народот беше повикан да гласал за членство во Европската унија.

-Во името на тоа што не може подобар договор да се постигне, во името на Европската унија и интеграцијата, приклучете се заедно, заедно да ја испишеме оваа модерна историја на нашата заедничка Македонија. 30-ти септември е нов ден од модерната македонска историја, велеше Заев во кампањата за референдумот.

Во рекламните спотови беа користени и многу други ветувања. Едно од нив и бесплатно лекување во странство.

На крајот, наместо ветената европска иднина добивме штета предизвика од европски блокади.

-Сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија. И се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу, велеше разочаран Заев.

Владата предводена од тогашниот премиер Зоран Заев, ни ја закачи Северна, со ветување дека тоа ќе значи старт на преговори и членство во Европската унија. Северна светна пред Македонија, но не доволно силно за светла европска иднина. Власта сега го признава ова.

-Сметам дека нема доволно енергија и капитал оваа Влада да се посвети на една тема, откако ќе се затвори овој прозоцер на можности, ќе мора да се свртиме на внатрешните прашања во државата, изјави пред еден месец османи.

Македонија го смени уставното име, без да добие никакви гаранции за својата европска иднина, па по се изгледа Преспанскиот договор ќе остане…

Тешка геостратешка грешка, како што кажа Заев.

Матеја Петровски

Поврзани вести