„Во фокус“: Пет години власт СДСМ-ДУИ – Македонија се уште без клинички центар, а треба да плаќа и пенали

  • „Денеска, со огромно задоволство имам да ви соопштам дека е објавен тендерот за изградба на универзитетски клинички центар „Мајка Тереза. Клиничкиот центар е најголем центар во Македонија“ најави Никола Тодоров.
  • „Нашиот став како Влада односно Министерство за здравство повеќе би сакале да вложиме уште нешто, за да напрвиме асален проект за следните 40-50 години некаде во периферија“ – рече Арбен Таравари.
  • „За нов клинички центар на ново место како грин фил решение парцијално решение и само таков тип нуди нов вид здравстена услуга“ – рече Филипче.
  • „Таа клиника споена во една градба би придонела во забрзување односно навремено дијагностицирање и третман на пациенти “ рече Сали.

Четворица министри, 6 локации во игра и 6 фирми изведувачи, првичните 72 пораснаа на 508 милиони евра, изгубени години. Македонија е се уште без нов клинички центар, а уште треба и да плаќа пенали. Одговорност за ненаправеното и направеното, нема. Го нема ни клиничкиот центар, а секој министер дојде со нова идеја тврдејќи дека е подобра од претходната.

„Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава“ пишува во Планот за живот во Македонија, предизборната програма на СДСМ.

Новата власт сакаше и нова локација. Онаа на Водно не им се допаѓаше, но не можат ни конечно да се одлучат каде би граделе.

  • „Сосема доволно место за еден нов и модерен клинички центар, сосема доволно место за интегрирани услуги.. “ рече Филипче.

Се размислуваше за Петровец, касарната Илинден, Бардовци и Ѓорче Петров, но и денес нема конечна одлука.

Засега од сите најави и ветувања резултатот е еден – 8.5 милиони евра кои треба да и се платат на италјанската компанија зашто Венко Филипче го раскина договорот потпишан од неговиот преходник Никола Тодоров. Во март годинава стигнало првото писмо од Адвокатската канцеларија од Милано во која била наведена милионската сума за исплата на пенали, додека, пак, во септември адвокатите со второ писмо ги потсетиле надлежните.

Деновиве требаше да биде формиран правниот тим кој ќе работи на случајот.

Актуелниот министер Беким Сали има сосема нови идеи за Клиничкиот центар, а во игра уфрли и пет фирми како можни изведувачи. Но, и ова останува само како најава.

Сега фокусот не е во новиот клинички центар туку како Македонија да не плати милионска отшета за склучениот – раскинат договор со италијанската фирма.

Но, ова не е единственото неисполнето ветување поврзано со клиничкиот центар. Пред изборите СДСМ ветуваше реорганизација и на постоечкиот.

„Враќање на концептот на единствен Универзитетски клинички центар во кој клиниките ќе бидат функционално поврзани. Ќе ги укинеме економските директори и управните одбори во постоечките 27 универзитетски клиники кои беа само финансиски товар“ пишува во Планот за живот во Македонија.

Но, и ова остана ветено, неостварено. Клиниките останаа раздалени, и административно и физички, а изминативе години во нив не е инвестирано речиси ништо. Единствениот нов изграден објект е модуларната Ковид болница… Хаосот во уличките и на паркинзите околу врвниот македонски здравствен центар останува да го рефлектира хаосот во македонскиот здравен систем.

Викторија Миткова

Advertisements