„Во фокус“: „Отворено судство како пупка“ – До уште позаробено во партиско-политички наредби на СДСМ и ДУИ

“Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди”, рече Заев на тв соочување со Мицкоски.

Оваа често повторувана изјава на екс премиерот Зоран Заев влеваше надеж дека владата на СДСМ во својот мандат ќе се залага за реформи во правосудниот систем и за судови кои ќе бидат независни. Заев честопати говореше за силна и професионална судска власт која нема да потклекнува под каков било притисок.

Сепак, пет години подоцна резултатите се и повеќе од разочарувачки. Довербата во судството е на историски најниско ниво, според анкетата на Еуротиник изнесува само 8 проценти.

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз со јасна порака до македонските судиите дека алармантно е тоа што граѓаните не веруваат во судството и потребно е што побрзо сликата да се поправи за да се врати довербата.

„Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира“, рече Брнз.

И претседателката на Судскиот совет призна дека изминатите години малку се работело на враќање на довербата на граѓаните, но се правда дека тоа било процес кој не може да се смени преку ноќ.

И покрај ветувањата на Заев дека судството мора да биде ослободено од стегите на политиката, правниците испратија аларм дека судскиот систем е во распаѓање, а политичката елита не изгледа баш најзаинтересирана да го спасува. Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. ова го покажуваат последниве потези со разрешувањето на државниот правобранител и обезглавувањето на Обвинителството за организиран криминал.

-Системот е во распаѓање и не постои начин тој лесно да се ресетира, од оваа ситуација ние нема да излеземе брзо. Некој ќе треба да го поттурне системот да излезе од калта. Се надевам дека не е во жив песок. Нашиот систем на самоуправување преку судскиот и јавнообвинителскиот совет гледаме дека е дисфункционален, вели Калајџиев.

Заев како претседател на Владата, седна и на челното реформаторско столче во Советот за реформи во судството. Експертите негодуваа оти реформи во судството не се можни кога главните конци ги влече првиот човек на Владата. И покрај критиките на јавноста, Заев на чело на Советот остана повеќе од една година. Оставка од оваа функција поднесе во екот на актуелната „метла“ со која ветуваше чистка во Владата.

Пред да дојдат на власт тврдеа и дека на виделина ќе излезе нова вистина за случаите „Смилковско езеро“, „Мартин Нешковски“, „Никола Младенов“, „Диво насеље“. Таканаречените бомби ги вадеа од контекст и тврдеа дека имаат уште многу повеќе инфомации.

-Не ја знаат вистината, ни оние кои што се наводно виновни за овој процес, велам наводно затоа што и јас не верувам дека е така. И тие не веруваат, ја бараат вистината, трагаат по неа и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства, не веруваат дека тоа е така како што е претставено во јавноста, велеше Заев.

Како опозиција ја злоупотребуваа болката на семејствата на убиените деца кај „Смилковско езеро“, а кога дојдоа на власт се потврди дека вистинските убијци се уапсени и осудени.

Како опозиција поттикнуваа гнев за убиството на Мартин Нешковски, а кога дојдоа на власт лично Зоран Заев се ракуваше и фотографираше со со убиецот кој дури и успеа да избега, за потоа повторно да биде уапсен.
И ова се само дел од примерите како едно од главните ветувања „Правда за сите“, остана само ветување. Состојбата во судството не само што не е подобрена туку е и влошена.

Викторија Миткова

Advertisements