Во фокус: Инвестициите во култура се сведоа на промена на имиња на институции и ставање информативни табли на споменици

Изградба ? – Па јас сега не можам точно да се сетам на која, бидејќи најмногу работиме на реконструкција на објекти на кои што веќе ги имаме – Министерката за култура, Бисера Костадиноска Стојческа не можеше да издвои ни еден крупен капитален проект, па на помош ја викна нејзиниот шеф на кабинет.

Тие проекти се градат во повеќе години, рече Биљана Туџаровска Ќупева- Шеф на кабинет на Министер за култура

Слободна и европска култура требаше да донесе „Планот за живот “.Наместо тоа , избришана историја од  споменици, сменати табли на спомен – обележја, празни музеи, скандалозни годишни програми, разочарани културни уметници. Се предвидуваше културна трансформација и европеизација согласно прогресивните трендови и политики. Пет министри од актуелната власт не успеаа да реализираат речиси ништо од се она што бомбастично го ветуваше  тогашната постава на Владата предводена од СДСМ .

Новата Влада ќе промовира културна демократија, рече Заев во експозето на 30.05.2017

Културната демократија кулминираше пред две години, кога тогашниот Премиер Заев одлучи да ја брише историјата од спомениците. Наместо бугарска фашистичка војска, бугарски окупатор, неснопсен бугарски фашистички окупаторски режим, на спомениците да стоело само фашистички , за да не се навредел целиот бугарски народ.

-И стои бугарска фашистичка рака, бугарски фашистички окупатор, бугарски фашистички куршум, треба да остане фашистички окупатор, фашистичка рака, фашистички куршум, заради тоа што фрламе петно комплетно на целиот бугарски народ, што воопшто не е исправно, изјави Заев.

Во историјата замина и сонцето од кутлеш. Како дел од Преспанскиот Договор, симболот на поранешното знаме во јавен простор не смее да се употребува, а спомениците добија табли на кои пишува дека се дел од хеленски антички период и се дел од светското културно наследство. Александар Македонски, Филип Втори, Олимпија, се дел од хеленската историја. Како дел од договорот со Грција, беа избрусени и шахтите, бидејќи на нив беше сонцето од Кутлеш.

-Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство, стои на таблата , на споменикот на Александар Македонски во центарот на Скопје.

Со Договорот од Преспа се сменија и имињата на културните институции. Македонската опера и балет стана Национална односно НОБ, Македонската филхармонија стана Национална, Музејот на Македонија стана музеј на Северна, а истото беше применето и за сите Центри за култура низ државата.

И Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите од комунистичкиот режим доби ново скратено име – Музеј на македонската борба за самостојност.

Додека беше важно веднаш да се сменат имињата на Установите, не е толку важно да се оддржуваат експонатите. Прогресивноста на културата може да ја видиме и во празните и запустени музеи. Археолошкиот музеј во Скопје е полупразен поради Административни работи, недостигаат голем број на експонати и речиси еден кат не е во функција.

 Не е ни важно да се вложува во нови проекти . На хартија, минатата година Министерството за култура остварило дури 87 отсто капитални инвестиции, само не е јасно во кои .

Транспарентниот начин на финансирање на проекти од нациопнален интерес кој беа дел од Планот за „Живот“ Владата ги препозна и пред две години кога Министерството за култура финансираше дури и по два пати проект за ансамблот за народни песни и игри „Илирида“, назив кој се поврзува со илегалната воена организација која се залага за обединување на сите територии на Балканот каде живеат Албанци. Министерството за култура финансиски  ја поддржа книгата „Албанците од Северна Македонија (Источна Албанија) во борба за национална независност“ сп 3 илјади евра која која содржи ставови дека дел од територијата на Македонија е дел од Источна Албанија е добар и издржан проект од национален интерес. Ништо помалку скандалозна не беше ни минатата година, кога на листата на Култура се помалку имаше проекти од македонски национален интерес, а се оставија само трошки за најголемите манифестации во државата. Еден од најпрестижните фестивали со најголема традиција на авторска македонска музика „Макфест“ доби неполни 400.000 денари Локалната власт се откажа од парите оти овие пари биле понижувачки и деградирачки за фестивал како што е „Макфест“.

Минатата година не се одвоија пари ни за фестивалот „Валандово“. Ама како што кажа Стојческа – Костадиноска, важно се водело сметка за застапеност за етничка припадност . Не е се така црно во македонската култура – ја имаме највеселата министерка која сите ги мотивира да бидат креативни и среќни

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката, изјави Бисера Костадиновска Стојчевска – министерка за култура

Владата требаше да  изработи стратегија  за санирање на состојбите во заштитата на културното наследство, и да  извршиме ревизија на проектите од типот на скопско Кале,Плаошник во Охрид, ски-центарот на Галичица, плажата во Лагадин, викенд-населбатаво Лазарополе и сл., кои претставуваат директна закана врз културното и природното наследство.- пусти надежи и „Ќе “ биде.

Кристина Алексиеска

Advertisements

Поврзани вести