„Во Фокус“ : Загаден воздух – загадено владеење
„ Нема слобода без чист воздух “ , рече на 12.10.2017 Зоран Заев
Ако судиме по оваа изјава на поранешниот премиер Зоран Заев Македонија не е слободна , туку држава која котира високо меѓу најзагадените во светот. Зимата уште не дошла, а и годинава се гушиме. Синоќа државните мерни станици во Тетово и Кичево беа во црвената зона на загаден воздух. Во Тетово беа измерени 188, а во Кичево 182, а Битола 126 ПМ 10 честички на метар кубен.
„Ќе изработиме проект за редукција на емисии на штетни материи во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј за да ја намалиме емисијата на штетни честички во околината и да го вратиме чистиот воздух во пелагонискиот и кичевскиот регион“ , се предвидуваше во Планот за живот во Македонија.
Пред да дојдат на власт организираа паркобранигушкаа дрвја, критикуваа дека Скопје, но и Македонија се презагадени, фабриките немале заштитни филтри, а откако СДСМ и ДУИ седнаа во удобните фотељи, заборавија на се.
Пет години подоцна, од чистиот воздух останаа само празни ветувања, екологистите велат не се прави нипто освен што се надеваме дека ќе има доволно струење на воздухот , па може и малку ќе се дише.
На таа тема нема никакво подобрување . Со години се предлагаат иницијативи но мора да се одвива се побрзо, вели Татјана Стојаноска екологист.
Ветуваше и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов дека ќе има низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето
Ниту краткоркотчно, а богами ни долгорочно не видовме метрополата барем една зима во изминатите пет години да не ја отсликува сивило.
Македонија и Град Скопје денеска се најдоја на 7-то место на најзагадена земја во светот по статистиката на Iqar која мери загадување на воздухот во земјите низ светот. Спроед мерните станици во државава во Скопје синожа беше најзагадено во Миладиновци, каде мерната станица покажа 155 ПМ 10 честички на метар кубен, а во Лисиче пак 133 ПМ 10 честички на метар кубен.
Минатата година во ноември пак, Скопје се најде на листата меѓу петте најзагадени градови во светот, позагадено беше во Индија, а за време на пандемијата дури и беа намалени финансиските средства во државната каса за справување со загадувањето.
Во состојба на пандемија со корона вирус граѓаните алармираа да се преземе нешто, a ниту по две години не се измена ништо , а градоначалникот на Скопје „екслузивно“ за камерата на Алфа сакаше да тврди дека не е загадено.
Каде е камерата на Алфа. Не е загадено, еве дека не е загадено – налутено рече Шилегов на 23.06.2021.
Како малку да се гушиме со години наназад, сега неодговорното однесување на власта ќе не воведе и до уште поголема опаснност. Топланите Исток и Запад се подготвуваат да работат на дизел кој е голем загадувач на воздухот во случај на дефицит на природен гас, или најлошата алтернатива е ако немаме гас замената да е мазут.
Планот за чист воздух и квалитетна и здрава животна околина пред ад седнат во владата, беше еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Република Македонија, и примарна заложба на Владата на Република Македонија, по се изгледа останаа само на планирање.
Кристина Алексиеска