„Во Фокус“: Едно се ветуваше, друго се потпиша- како Заев и Димитров во Нивици на Македонија и ја залепија кованицата Северна

Спротивно од ветувањата и против волјата на граѓаните Македонија пред четири години, Зоран Заев и Никола Димитров покрај Преспанското езеро на Македонија и ја закачија кованицата Северна.

-Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија, порача Заев.

Ова дојде откако неуспешен беше пробниот балон на Зоран Заев со Илинденска Македонија, предлог кој беше неприфатлив за Грција.

-Република Илинденска Македонија е името за кое е можен компромис со Грција, на англиски Republic of Ilinden Macedonia, на албански Република Илиндитасе е Мачедонис. Република Илинденска Македонија е име со кое го зајакнуваме темелот на нашата република, велеше Заев.

Договорот за промена на името од позиција на премиер го постигна Заев иако пред да стапи на функцијата зборуваше нешто сосема друго.

-И цело време го донеле Заев да го продаде името, ајде мајката, изјави Заев во минатото.

Поранешниот премиер како опозиционер се колнеше дека нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име.

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет, дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка, сме Македонци, родени овде во Македонија тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија да излезе пред Парламент да бара промена на устав, заради промена на уставното име, исто така изјави Заев во минатото.

-Пресериозно е ова прашање и навистина не боли нашата национална посебност. Никој не може во Македонија и не верувам дека постои таков човек кој што би дозволил промена на Устав и промена на нашиот идентитет, ветуваше Заев.

-А што се однесува до уставот гарантирам одличен устав имаме, европски устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, уставот ќе се почитува, уставот ќе се спроведува, нема менување на уставот. Бидете спокојни, изјави Заев.

И покрај овие ветувања го добивме Нивици и потпишувањето на Преспанскиот договор.

Додека функционерите се смееја, истиот ден во Скопје, протести поради договорот.

Потоа следуваше и неуспешниот референдум.

-Вкупниот број на гласови за 609.813, вкупниот број на гласови против 37.700. Согласно утврдениот резултат од гласањето на референдумот 2018-та година, одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список, изјави поранешниот претседател на ДИК, Оливер Деркоски, по крајот на референдумот.

Заев не си го одржа ни зборот дека ќе се повлече ако референдумот биде неуспешен.

-Имам мандат до декември 2020-та година,  ако не успее референдумот веројатно завршуваме со политиките овде, ветуваше Заев.

Наместо ветаната оставка, македонското Собрание со 81 глас изгласа промена на името. Македонија со промената на името ја крена рампата за членството во НАТО, а ветениот старт на преговорите со Европската Унија, го нема се уште иако минаа четири години од договорот во Нивици.

Матеја Петровски

Поврзани вести