ВО ФОКУС: Договорот со Бугарија е катастрофален, Пендаровски направи штета со изјавата за потеклото на Гоце Делчев

Договорот со Бугарија е катастрофален и е на штета на Македонија, согласни се гостите во вечерашното гостување во емисијата „Во Фокус“ . Изјавата на Пендаровски дека Гоце Делчев е Бугарин направи огромна штета, ова го изјави уредникот и колумнист Дарко Јаневски, а со него се согласува и Кaтерина Тодоровска, историчар од Националниот институт на Македонија. Адвокатот Менкиноски вели дека е сигурен дека доколку овој договор се достави до Венецијанската Комисија, ќе се донесе одлука дека договорот се коси со принципите на Судот за човекови права во Стразбур. Поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев потсетува на она што стои во договорот, а е погубно за Македонија и за правата на Македонците во Бугарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста