Многу ветуваа, малку направија. Во изминатите пет години актуелната власт речиси и ништо да не направи за работниците, освен ветувањата дека ќе биде подобро. Ова е ставот на најголемите синдикати во Македонија кои се борат за правата на работникот, а тој како по обичај – оставен е сам на себе. Иако ја зголемија минималната плата од 15.000 на 18.000 денари, инфлацијата го изеде покачувањето. Затоа бараа и усогласување на другите плати, за работниците побезболно да го пребродат овој тежок период. Тоа не го добија, и сега ја тужат државата во меѓународните судови. Од Сојузот на Синдикати за Алфа велат дека повеќе не веруваат на владините уверувања, зашто се што ветиле – излажале. Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски рече дека поради кризата, добар дел работниците се праќаат на принуден одмор, и за жал им се намалуваат плати.

  • И покрај тоа што седиме со Владата и нивните претставници, како и организацијата на работодавачи, јас лично како претставник на ССМ не сум задоволен, зашто на тие кои најмногу треба да се даде – тоа го нема, и ако на Владата и е инфлацијата повеќе од 18%, што да кажеме ние работниците, синдикалната борба продолжува, вели за Алфа претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Од ССМ реагираа и дека иако воведоа недела да биде неработен ден, истиот не се почитува кај добар ден од работниците.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати реагираат дека власта го преспала периодов. Првиот човек на КСС, Благоја Ралповски рече дека власта ветуваше зголемување и усогласување на платите на работниците во јавниот сектор, а иако законска обврска, не го исполнија ветеното.

  • Владата не си ги исполни своите законски обврски, како што е членот 8, односно во законот за минимална плата. Јасно укажува дека треба да се усогласат платите и колективните договори. До сега, изгубивме 120.000 работни места. Луѓето ја напуштаат државата, зашто со овие примања не може да опстанат, вели за Алфа претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

И од Конфедерацијата на слободни синдикати алармираат дека освен кавги и препукување на адреса Синдикат – Влада, ништо не добиле во полза на работниците.

  • Ова што го прави последниов Владата не ми се допаѓа. А што е тоа: Порано не викаа сите синдикати на економски совет, каде што се и премиерот и министрите и сте заедно, и буквално тука се стваат во позиција исто како да се и власт и опозиција и синдикат, и тоа не може да помине и ние тоа не смееме да си го дозволиме. Во делот на работата во недела, можат да донесат било какви закони и тоа преку пратеници – тоа мора да престане. И затоа нема синдикат кој може да ја пофали Владата, вели претседател на КСОМ, Марјан Ристески.

За разлика од сите синдикати кои беа пуштени по вода во време на криза и галопирачка инфласија, светла точка во тунелот се виде кај проветните работници, кои се изборија да добијат 15% покачување. Првиот човек на СОНК Јаким Неделков рече дека задоволен, но и дека имало еден куп пропусти кај нив. Вели дека сега власта сака да удри и по колективните договори.

  • Не може да прифатиме дека административните работници и оние вработени во делот на детска не земаат плата по колективен договор каде требаше да има зголемување на платите за 15%. Веќе во 2022 имаме 15% зголемување на платите на просветнте работници. Друго е економската криза која повлекува инфлација. Па тука вработен во овие дејности ќе се пожали дека и ова зголемување нее доволно, и дека инфлацијата ги изела овие зголемувања, но морам да кажам дека ако не беа овие зголемувања уште потешко ќе беше живеењето сега, вели за Алфа претседателот на СОНК Јаким Неделков.

И додека работниците си ги бараат своите права, односно усогласување на платите согласно зголемениот минималец, Владата скрои таканаречен план за штедење кој го крена револтот на сите синдикати. Тоа е кратење на нивните плати. Во сите прилики Премиерот и економските министри уверуваа дека нема да им се кратела платата на работниците, туку ќе се интервенирало само кај дел од надоместоците во износ од 10% од она што било планирано за 2023.

Оваа точка беше усвоена на владина седница, по што Премиерот во неколку наврати имаше разни изјави за тоа како да се штеди во јавната администрација. Според Димитар Ковачевски ова мерка била за намалување на трошоци и зголемување на приходи и тврдеше дека никој немало да остане без работа.

Синдикатите веќе го кажаа својот став дека нема да дозволат било какво кратење на основните плати, ниту на додатоци ниту надоместоци, а ако тоа се случи – сите заедно ќе излезат на улица. Владата, како по обичај, останува глува на револтот на синдикатите.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести