Во фокус: Бугарската пропаганда „цвета“ во Македонија

Македонските револуционери Дамјан Груев, Гоце Делчев, Питу Гули се Бугари: бугарската национална телевизија, БНТ 4, скоро две години е во македонскиот етер и емитува содржина во која видни македонски дејци се побугаруваат.

Освен тоа на БНТ4 може да се забележат и обиди за преиначување на македонската историја, па се до препевање на македонските песни и прекрстување на македонските градови и нивно претставување како бугарски.

Дел од содржините одат дотаму што буквално се негира и постоењето на посебен македонски народ и посебен македонски јазик.

Со еден збор „бугарска пропаганда“ е пуштена на најјако во македонскиот етер, а ниту ниту една институција не реагира.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми уште лани се правдаа дека немаат никаква надлежност да ја контролираат содржината на странски канали.

Од Министерството за надворешни работи, пак, не го ни коменитаат случајот. Алфа не добива одговор на прашањата зошто нема никаква реакција.

И додека македонските институции молчат, бугарските власти за најмали ситници испраќаат реакции и предупредуваат дека наводно се кршел договорот меѓу двете влади.

Кога беше договорено емитувањето на БНТ во Македонија требаше да има и реципроцитет – МТВ да оди на операторите во Бугарија. Сепак, ова не е испочитувано.

Викторија Миткова

Advertisements