Во Тетово секој дожд носи поплавени улици – Жителите бараат ефикасно решение

Поплавените улици по секој пообилен дожд како минатата недела се поради неквалитетна и фушерски направена канализација во изминатите децении, револтирани се жителите на Тетово. Особено тоа се случува кај касарната каде редовно има поплавување на дворовите и подрумите на куќите, по речиси секој подолготраен дожд. Тетово е бетонизирано, водата не наоѓа земја да пропадне,велат соговорниците.

Наназад 15 до 20 године е истата мука све. Од кога направија ѕидови овде покрај касарната, нема кај да иде водата, канализацијата, цевки не се, не можат да постигнат тоа све се излева. И нон-стоп има поплава. Шахтеве се све запушени, нема ни една шахта читава, све се запушени, све водата на улица останува, после кога се суши смрди, не можеш да дишеш овдека вели Златко Зафировски.

Улицата „Гоце Делчев“, иако минатата локална власт на Теута Арифи лани целосно ја реконструираше со се подземната инфраструктура, исто така се соочи со поплава, односно атмосферската канализација не ја апсорбира надојдената вода.

Канализацијата не е саглам наместена.Вода и фекалии све излага. Канализацијава сега е есеноска е правена рече Коца Наумовска.

Изминатите 20-тини, Тетово во три мандати го водеа градоначалници од ДУИ, како и нивните сегашни коалициони партнери од ДПА.  Градоначалникот Биљал Касами тврди дека треба да ги поправи сите грешки на неговите претходници- граѓаните му укажале на проблеми несвојствени за еден град.

Тоа се две работи кои се поврзани за жал, испреплетени, тоа е атмосферската и фекалната канализација. За жал не знам дали има во друго место, во Тетово, во многу делови од градот, атмосферската се прелева во фекалната, односно фекалната во атмосферската. Сега за решавање на тој проблем веќе работиме интензивно заедно со Министерството за екологија и мисија на ЕУ во Скопје за реализација на еден капитален проект кој е над 30 милиони евра за решавање на проблемот со фекалната канализација вели Биљал Касами, градоначалник на Тетово .

Голем дел од градските улици не ни имаат атмосферска канализација. 

Алексанар Самарџиски