Во Стојмирово, Кичево и Попова Шапка слаб снег

На планинските премини Стража и Плетвар утринава има остатоци од кашест снег, а во Стојмирово, Кичево и Попова Шапка врне слаб снег, но тој, како информира Авто мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.

На остататите држави патишта сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.