Во Скопје 36 сообраќајки изминатите четири дена

ФОТО ИЛУСТРАЦИЈА

Во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 36 сообраќајни незгоди, во кои со тешки телесни повреди се здобиле три, а со полесни две лица.

Од сообраќај биле исклучени 18 возила кои не биле регистрирани.

Според информациите од СВР Скопје, со поголeма брзина од дозволената со сообраќаен знак се движеле 22 возачи.

За не прописно паркирање биле издадени 61 казна, додека пајакот подигнал три возила.