Во Скопје денеска почнува четвртата фаза од терестрична дезинсекција против комарци

На подрачјето на градот Скопје од денеска до петок во период од 22 до 03:00 часот, наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Градот Скопје.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини.

– Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, наведува Град Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста