Во Сирија се предале повеќе од двеста борци на ИД

Екстремисти од Исламска држава, меѓу кои и многу странци, им се предадоа на арапско-курдските сили во источниот дел на Сирија со што ги доведоа тие сили поблиску до воспоставување целосна контрола врз последните подрачја во рацете на џихадистите, соопштија курдски активисти и еден локален фунцкионер.

Официјалниот претставник на Сириските демократски сили (СДФ) Сијагер Амед потврди дека поголемиот број борци на ИД од местото Багуз се предале, но не кажа бројки. Според него, меѓу оние кои останале да се борат најголем дел се Ирачани и странци, а во малото подрачје под контрола на ИД се уште има цивили, но жени и деца постојано си заминуваат од енклавата.

Заземањето на Багуз и околината би значело крај на четиригодишната разорна глобална кампања против Исламска држава. Невладини организации соопштија дека се предале повеќе од 200 џихадисти, меѓу кои имало многу странци.