Во септември нова посета на Оценувачката мисија – Дали Судскиот совет ќе биде распуштен?!

Судскиот совет можеби ќе биде распуштен, а секој од членовите ќе си се врати таму од каде што дошол, дознава Алфа од неофицијални извори во Министерството за правда. Во септември повторно тимот на Оценувачката мисија на Европската унија кој ја чешла работата на членовите на Судскиот совет доаѓа во втора посета, а веднаш потоа се очекува да биде готов конечниот извештај.

За неколку недели по нивната посета која сега ќе се случи во септември ќе биде готов извештајот за работата Судскиот совет. Веднаш потоа, секој од членовите ќе си се вратат на старите места, особено „истакнатите“ правнници, оние предложени од Собранието и од претседателот на државата, брифираат извори на Алфа.

Оценувачката мисија во Скопје дојде по скандалозните случувања во Судскиот совет кој со месеци ја брануваа јавноста. Покрај незаконското разрешување на екс претседателката Весна Дамева, членовите на советот не постапуваат по претставки за непотизам, влијание и корупција во судството.

Меѓународниот фактор подолго време гласно зборува за очајната состојба на највисокото тело во правосудниот состем. Австриоскиот амбасадор обвини за корупција и политичко влијание, додека евроамбасадорот Гир испрати и оценска мисија од Советот на Европа за да се провери работата на членовите.

Дури и министерот за правда Кренар Лога за членовите на Советот вели дека се нелегитимни и побара од нив да се самораспуштат. И поктрај неговиот став, членовите  му замерија за неговото отсуство на седници.

На денешната седница беше посочено дека министерот за правда Кренар Лога и претседателката на Врховниот суд Беса Адеми, кои се членови по функција на Советот, иако уредно поканети не се присутни и не го известиле советот за нивното отсуство. Лога им возврати со соппштение во кое им вели дека нема право на глас на седниците и поради тоа не може да влијае врз носењето на одлуки.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста