Во свлечиштата во Мјанмар загинаа најмалку 56 лица (Видео)

Најмалку 56 лица настрадале во свлечиштата предизвикани од монсунските дождови на истокот од Мјанмар, соопштија властите во оваа азиска земја.

Пред два дена во едно село огромни количества кал затрупале 16 куќи и еден манастир.

Најмалку 38.000 лица биле присилени да ги напуштат своите домови заради поплавите предизвикани од мунсините, наведе ОН.

Сезоната на монусни во азија трае од јуни до септември.