Во САД имаше и упсешни и неуспешни обиди за лансирање на ракети во вселената

Приватната компанија за вселенски летови Спејс Икс имаше успешно лансирање од Земјата. Од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, вселенскиот џагернаут испрати уште една серија од своите Старлинк сателити во орбитата, одбележувајќи ја 77-та мисија за поддршка на глобалната широкопојасна мрежа. Ова беше првото од двете лансирања во ист ден.

А, ова беше второто, од Спејс Лансинг комплексот во Флорида. Двете мисии во ист ден ја одбележаа 18-тата и 19-тата мисија на Спејс Икс досега оваа година.

Американскиот производител на воздухоплови Релативите Спејс лансираше ракета првенствено направена од 3Д-печатени делови. Компанијата се обиде да го постави својот прв метален 3Д-отпечаток во орбитата. Но, по околу три минути лет, работите тргнаа наопаку. Се чинеше дека горната етапа на ракетата се запали, доведувајќи ја мисијата до неуспех.

Компанијата со седиште во Калифорнија претходно половина секунда пред лансирањето на почетокот на овој месец, го откажа одбројувањето. И покрај неуспешните тестови и неодамнешното неуспешно лансирање во орбитата, извршниот директор на компанијата не се откажува.

„Ова е првата 3Д-печатена ракета во светот. Тоа е убедливо најголемото количество 3Д-печатена содржина од кој било друг производ некогаш направен што сме го виделе. Тоа е најголемиот 3Д-печатен предмет во светот од метал“, вели извршниот директор на Релативити Спејс, Тим Елис.

Извршниот директор Тим Елис додаде дека ракетата на компанијата може да биде првата ракета што користи течен кислород и течен метан како погон, што би можело да обезбеди опции за почисто гориво.

Исто така оваа недела, во средината на месецот кога се одбележува историјата на жените во САД, Аксион Спејс и НАСА ја открија следната генерација на вселенски костуми што ќе се носат при истражување на Месечината. Оделата се пофлексибилни од претходните и подобро се вклопуваат за жените астронаути.

Оваа недела во Калифорнија, Хаиме Хернандез, сними видео од објекти кои шараат низ ноќното небо. Одговарајќи на онлајн анкета за мистериозните објекти, астрономот Џонатан Мекдауел рече дека е 99,9 отсто сигурен дека тоа било согорување на вселенски отпад од хардверот што некогаш се користел за пренесување информации до Меѓународната вселенска станица.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

Advertisements