Во сабота Тетово гласа, молкот почнува вечерва

За 31 место во Советот на Општина Тетово доверба од гласачите бараат дури 403 кандидати од 13 листо со кандидати за советници од партии и групи со избирачи.   Во обид да се придобијат гласачите кандидатите повеќе се фокусираа на средбите со граѓаните одејќи до нивните домови, додека изостанаа големите партиски митинзи и обраќања.

Во македонскиот политички блок најголема битка се води помеѓу кандидатите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои беа единствени со свои советници во составот на Советот избран во октомври 2021 година.

Коалицијата на СДСМ е предводена од Глигорије Стојановски, а главната порака дека гласот за нив е за модерно и европско Тетово.

Намерата ние е јасна Тетово да продолжи да се гради, инфраструктурно да се развива во сите аспекти на општественото живеење и сето тоа во духот на мултиетничноста. Јас како социјален работник и дел од културата во Тетово можам да гарантирам дека ќе ги исполнам заложбите за кои ви говорев вели Глигорије Стојановски, носител на листа на СДСМ.

Кај ВМРО ДПМНЕ Ангел Карапетров како и на претходните избори ја предводи листата со кандитати за советници. Порачува дека ќе се борат за промена на не-достоинствените политики во Тетово.

Тоа е референдум за тоа дали Тетово ќе го вратиме во владение на ДУИ и СДСМ, на партиите кои се одликуваат со неодговорност, криминално работење и распродажба на секое добро и се што е македонско, или ќе продолжиме на патoт на промените и прогресот. Време е заедно да ставиме крај на криминалот, неработењето и предавствата на власта и да го вратиме достоинството на Македонецот и на локално и на централно ниво вели Ангел Карапетров.

Во избирачкиот список за Општина Тетово се евидентирани 82.404 гласачи.

Александар Самарџиев