Во Рeпубликa Српска за два дена починаа 10 луѓе од грип

Десет пациенти починаа од тешки акутни респираторни инфекции во Република Српска во периодот од 1 до 3 февруари, соопшти Институтот за јавно здравје во РС.

Петмина починале во Универзитетскиот клиничкии центар на РС во Бања Лука, а другите се во другите градови на ентитетот.

Починатите имале хронични болести, а поголемиот број од нив и претходно биле хоспитализирани.

Од 21 јануари до денеска во РС од грип починаа вкупно 26 лица.