Во Прилеп одбележан Денот на македонската револуционерна борба

По повод денешниот празник, Денот на македонската револуционерна борба, венци, свежи цвеќиња и длабок наклон пред спомениците од двајцата македонски револуционерни дејци и основополжници на македонската револуционерна борба, прилепчаните Пере Тошев, кој бил совеста на Организацијата и Ѓорче Петров, кој бил нејзиниот идеолог, а и двајцата жестоки поборници за слободна и целовита Македонија.

Во денешниот празник, кој за прв пат беше востановен пред 11 години од страна на претходната власт и беше оспоруван од тогашната опозиција, а сегашна власт, прилепскиот градоначалник годинава препозна шанса за национално помирување.

Инаку, во чест и спомен на Пере Тошев, пред две години во Прилеп беше формирано МПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е правнукот на Методија Андонов Ченто, Јане Ченто, кој во моментов се наоѓа во Затворот во Шутка и е обвинет за тероризам при настаните од 27-ми април.

Каролина Дурло