Во Прилеп одбележани 110 години од погибијата на „совеста“ на Македонската револуционерна организација, Пере Тошев

Во Македонија станува се’ потешко, но и се’ поопасно да се чествуваат, почитуваат, продолжуваат и да се величаат делата на вистинските македонски револуционери, кои се бореле и загинале за самобитноста на својата татковина, сметаат од ПЗ „Пере Тошев“, чиј претседател е Јане Ченто, а кој веќе петта година е во затвор.

Од година во година, македонштината се повеќе се чувствува како до се губи, меѓутоа додека постои и еден последен Македонец, ние ќе ги чествувавме нашите великани од минатото и нитуе ден договор, како што е договорот кој што сака Бугарија да ни го наметне за одземање на Гоце Делчев, историскиот лик на Гоце Делчев во нивна корист, нема да дозволиме тоа да се случи“, – кажа Горан Стојаноски, член на ПЗ „Пере Тошев“ од Прилеп.

Денеска се навршуваат точно 110 години од погибијата на нивниот патрон, Пере Тошев. На неговиот гроб кој се наоѓа во дворот од најстарата црква во Прилеп, „Св. Благовештение“, беше отслужена Панихида, а беше положено и свежо цвеќе.

 „Тешкотии имало секогаш, меѓутоа од година во година се се поголеми, со тоа што ликови како Јане Ченто, како Горан Ангелов, Игор Југ…меѓутоа од она што ним им се случи, народот е се уште исплашен и се плаши за својата судбина да не ги снајде исто како и нив што ги снајде, да не завршат во занадани и затоа секоја година, дали било протест, дали било чествување од ваков карактер е се помалку и помалку“, – вели Стојаноски.

Инаку, Пере Тошев, кого го нарекувале и „совеста“ на Македонската револуционерна организација е роден во 1865 година во Прилеп, во семејство на богати и видни иселеници од Дебарско. Бил убиен од турска заседа на 4-ти мај 1912 година на пат кон Прилеп, во Дреновската клисура. Откако бил убиен, Турците го исекле на парчиња и го закопале во каналот покрај патот. По пет дена, роднините го нашле телото на Пере Тошев, но Турците им забраниле да го погребаат во Прилеп. Така, под засилен надзор на Турците, Пере Тошев бил погребан во дворот од црквата во селото Фариш. Во 1996 година, неговите посмртни останки биле префрлени во дворот на црквата „Свето Благовашетение“ во Прилеп каде се наоѓа и денес.

                                                                                                Каролина Дурло

Advertisements