Во прилепско Канатларци, невреме опустоши над 2.000 хектари обработено земјоделско земјиште

Невиден пустош остави зад себе вчерашното, досега незапамтено невреме во атарот на пелагониското село Канатларци.

Градот, поројниот дожд и силниот ветар за неполн час зафатиле површини од над 2.000 хектари, засадени со: бостан, тутун, пченица, пипер и други култури. Штетите врз родот се огромни и првично се проценуваат на над 70 проценти, а некаде дури и на 100 посто. Загрижените земјоделци велат дека вчера во Канатларци удрила „водена бомба“.

Целосно немоќни пред вчерашната стихија, оштетените земјоделци денеска си ги пресметуваа штетите, кои се бројат во повеќе десетици илјади евра. Некои од нив го имаат осигурано родот, но поголемиот дел – не. Бараат државата да ги врати градобијните ракети Беџет Исламоски – земјоделец од село Канатларци

Со оглед на сериозноста на последиците од невремето, на барање на земјоделците, на терен денеска излегле и надлежните од општина Прилеп од каде бил упатен апел штетите за проценка да се пријавуваат до надлежната општинска Комисија.
Вчера, од вакво силно невреме било зафатено и долненското село Дреновци, каде исто така, штетите се огромни.
Инаку, држвата се уште ги нема исплатено штетите од ланското силно невреме кое ги опустоши атарите на прилепските села Големо и Мало Коњари.

Каролина Дурло