Во петок повторно протести против поскапувањето на струјата

ЕВН МЕПСО и ЕЛЕМ подготвуваат сценарија за да го нарушат нашиот углед и да не заплашат, тврдат во иницијативниот одбор против поскапувањето на струјата.Но, и покртај ваквите закани и заплашувања,граѓаните не се откажуваат од барањата.Во петок нови протести против поскапувањето на струјата.Ништо велат нема да не сопре, во остварување на нашата цел.

“Добивме информации дека сакаат да палат трафостаници, а граѓаните треба да знаат дека во таков случај цели наслеби можат да останат без струја со денови..значи таквите сценарија кои ни доаѓаат како информации од внатре од компаниите, не информираат дека тоа сакаат да го направат со цел  да се наруши нашиот углед и да се намали поддршката на граѓаните кон протестите.” – вели Аријанит Џафери – Иницијатива против поскапување на струјата.

Од Регулаторната комисија за енергетика неодамна изјавија дека е можно одлуката да се повлече, исклучливо ако ЕВН, МЕПСО и ЕЛЕМ ги повлечат барањата за поскапување на струјата и се согласат дека ќе работат без добивка, но на ова засега нема одговор.Инаку,протести со барање за поништување на одлуката се одржаа неколку пати досега во Тетово, Куманово, Дебар, Гостивар ,Скопје, Прилеп, Битола.

Милена Стојановска

Advertisements