Во Парламентот на Бахреин доминираат независни пратеници

Независни кандидати освоија мнозинство места во  Парламентот на Бахреин, по вториот круг од изборите кои опозицијата ги бојкотираше, покажаа официјални резултати објавени денеска.

Првиот круг од изборите се одржа на 24 ноември, а вториот вчера.

Независните кандидати освоија 34 од 40 места во Парламентот, а останатите шест им припаднаа на кандидати на политички партии.

За првпат во Бахреин, шест од новоизбраните пратеници се жени.