Во основно училиште во Пекинг избодени 20 деца

Маж избол најмалку 20 ученици во основно училиште во пекинг, јавува РТ. Најмалку три деца се тешко повредени. Нападот се случил во 11.15 часот по локално време.

Тројцата тешко повредени се во стабилна состојба и не се во животна опасност.

Напаѓачот е уапсен.

Како што јавува Саут Чајна морнинг пост, нападот го извел вработен во училиштето.