Во млеко „Милкано“ пронајден афлатоксин, „Стокомак“ го повлекува од продажба

Во Македонија има аларм дека се продаваат канцерогени производи. Па така сме сведоци на млечен аларм дека во дел од маркетите е откриено млеко со канцерогени соединенија. АХВ го повлекува од продажба и ги повика потрошувачите кои го имаат купено овој производ со конкретен сериски број, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле.

Трајното млеко „Милкано“ со 3,2% масленост се повлекува од пазарот, поради присуство на Афлатоксин м1, алармира Агенцијата за храна и ветеринарство. Од таму ги повикаа потрошувачите кои го имаат купено овој производ со конкретен сериски број, истиот да не го консумираат и да го вратат на местото од каде што гo купиле. Увозник и дистрибутер на производот е ланецот супермаркети Стокомак.

  • Станува збор за производот со – сериски број LOT FD04 со датум на производство: 05.10.2022 и рок на употреба: 04.03.2023. Крајните потрошувачи кои гo имаат купено производот со посочениот сериски број, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, соопштија од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од синџирот маркети каде што се продава овој производ преку соопштение на Фејсбук ги повикаа своите купувачи доколку го купиле овој производ, истиот да го вратат во нивните маркети, по што ќе им биде надоместен целиот износ. Поради овој пропуст, додаваат оттаму, повеќе нема да соработуваат со оваа млекара.

  • Воедно, ве информираме дека останатите датуми од овој производ како и останатите ‘Милкано’ производи не се спорни во овој случај“, се наведува во соопштението од маркетот.

Инаку, серијата млеко „Милкано“ со 3,2% масленост е произведено на 5.10 годинава и со рок на траење до 4.03.2023. Како што информира Агенцијата за храна и ветеринарство производител е млечна индустрија МИ 99 – Градачац, Босна и Херцеговина.

Борис Грујоски

Advertisements