Во Македонија само четворица хирурзи вршат трансплантација на црн дроб
Проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија вели дека Македонија е земја која што веќе трансплантира црн дроб и оваа опција им е достапна на сите пациенти.
- Досега е извршена кај 3 пациенти трансплантација на црн дроб, листата е постојано динамична, но не се повеќе од 15 пациенти кои чекаат на листата за операција. Последната пациентка што ја опериравме е добра и во стабилна состојба, очекуваме деновиве да си замине дома. Ние како тим сме четворица хирурзи и досега сме толку доктори што можат да го направат ова, целта ние да имаме два способни независни тима, а на последната трансплантација вклучивме и помлади доктори, рече тој.
По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 Јули, денеска беа претставени најзначајните активности во борбата против хепатитисот, црнодробниот карцином и други заболувања на црниот дроб во нашата земја.