Во Македонија има 116,000 дијабетичари, државата никако да обезбеди редовна терапија

116.000 лица со дијабет од кои 45.000 се на постојана инсулинска терпија, а од нив дури 600 се деца до 18-годишна возраст, имаат секојдневна борба за сопствениот живот заради недостигот од потребна терапија. Освен терапијата, дефицитарни се и лентите кои за лицата со дијабет Тип 2 ги имало повремено, а додека за оние со дијабет Тип 1, речиси и да ги немало воопшто. Ништо подобра не била состојбата и со т.н. сензори кои ги немаат воопшто, како и со глукомерите кои не ги добиле дури три месеци, а додека позитивнта листа на лекови пак, не била променета цели 15 години, реагираат од Сојузот на дијабетичари.

  • „Тоа е многу лоша сосојба не само за самото лице, туку и за семејството.Тоа се трауми. Компликациите, однсоно коморбидитетите постојано растат. Инфаркти, мозочни удари, кето-ацитози, дијабетични стапала, ретинопатии, и како се одложува третманот, лечењето, веднаш имате компликација“, вели ДИМЧЕ ВЕЛЕВ, преседател на Сојузот на дијабетичари на Македонија.
  • „Кога велиме Тип 1 дијабетес, мислиме на пациенти кои се на интензивирана инсулинска терапија, односно без инсулинска терапија не можат да живеат повеќе од еден месец. Она што во моментов нас најмногу не’ засега, односно дечињата со дијабетес, е да има редовна инсулинска терапија за сите пациенти, меѓутоа и недостигот на тие сензори коишто служат за континуирано мониторирање на гликемија. Секаде во светот тие станаа нормална пракса во третманот на дијабетесот, а ние воопшто сме немале сензори“, – посочува НАТАША ДЕСПОТОВСКА- ДИМИТРИЕВСКА, претседател на „Баланс МК – Асоцијација за детски дијабетес.

Ковид-пандемијата, на годишно ниво дури двојно го зголемила бројот на деца со дијабет тип 1. „Бројот од 30-40 деца пред пандемијата се искачи на 70-80 деца после Ковидот“, вели Димитриевска. Според неа, физичата активност на лицата со дијабетес, претставува базичен предуслов за успешно справување со секојдневните предизвици на дијабетесот и овозможува нормален начин на живот.

Заради загрижувачкиот пораст на бројот на лица со дијабет и со цел поголема нивна едукација при справувањето со својата здравствена состојба, од први март, отворено е и првото он-лајн советувалиште за лица со дијабет, организирано од Клиничката болница за ендокринологија.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста