Во Македонија ако некој сака може да основа и клуб наречен „Адолф Хитлер“!?  

Нема сила во Македонија што може да го спречи отварањето на контроверзниот Бугарскиот клуб кој го носи името на фашистичкиот соработник „Цар Борис III“ во Охрид. Надлежните институции се вадат на законските недоречености и засега немаат идеа како да го реши проблемот, додека Бугарите во охрид одборјуваат ситно до сечењето на црвената лента закажано за в петок. Поранешниот амбасадор, Мухамед Халили, за Алфа коментира дека овој проблем единствено и најбрзо може да се реши со нов закон за основање и именување на невладини организации и здруженија.

„Ние немаме ниту идеа како да го надминеме овој проблем затоа што се повикуваме на основање на неформални асоцијации или групи кои ќе оценуваат дали таквото име е во согласност со законите и Уставот за да се именуваат здруженија. Секоја група формална или неформална ако нема поткрепа во законот, идеите и решенија што ќе ги нуди таа група се незаконски и не смеат да се применуваат“ –  коментира Халили за Алфа.

Во медиумите се појавија и изјава од синот на цар Борис трети кој дал согласност здружението во Македонија да го носи името на неговиот татков. Од август, обвинителството во Охрид истражува дали има некакви пропусти во однос на регистрацијата на бугарскиот клуб. Идентично беше и со отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола кога основачот  нашол дупка помеѓу релацијата Централен регистар – Министерство за правда. Во мај беше поднесена и кривична пријава, но нема никакви резулати. „Ванчо Михајлов“ си функционира без проблеми.

Во бугарскиот клуб во петок ќе биде официјално пресечена и црвената лента, на само 4 дена пред големиот македонски државен празник на народното востание. И покрај жестоките реакции од македонската јавност, претседателот за Алфа изјави дека тоа не е провокација.

 Како поклоници на ликот и делото на цар Борис III ,целта ни е да ја негуваме бугарската култура во Македонија преку бугарскиот културен центар кој ќе биде отворен на 7-ми, а не на 11-ти октомври.Датумот е избран сосем случајно,бидејќи се е подготвено.Ги поканувам сите медиуми да присуствуваат на отворањето и да ги проследат поздравните говори” – изјави за Алфа, Томе Блажески-претсед.на здружението „Цар Борис III“.

Без да открива детали, кажа дека на официјалното отворање на бугарскиот културен центар во Охрид ќе присуствувале високи функционери од Софија,а покани ќе испрателе и до некои македонски институции. За во петок е најавен и протест токму пред новиот бугарски клуб „Цар Борис III“ во Охрид.

Викторија Миткова

Advertisements