Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден
Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечерва на гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден.
Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското Востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
Пред отворањето на манифестацијата, околу 19 часот, пред столбот на Крушевската Република во центарот на Крушево, крушевчани ќе ја пречекаат илинденската коњаница.
Утре, на 2 август, на празникот, чествувањата во Крушево започнуваат изутрината од 9 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се обрати на свеченоста на Мечкин Камен, премиерот Ковачевски ќе биде на прославата на тврдината Кале во Скопје, а претседателот Стево Пендаровски во меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак според партиските најави ќе биде во Крушево.