Во Загреб убиени шест членови на семејство, убиецот се самоубил

Шест членови од едно семејство синоќа биле убиени во населбата Кајзерица, во Загреб, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.

Како што соопшти загребската полицијата убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Убиецот извршил самоубиство.

На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепските медиуми.

Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство, пришто меѓу загинатите се поранешната сопруга на убиецот и нејзиниот нов партнер.