Во ек на епидемија нема МРП вакцини во повеќе градови

Гостивар, Гевгелија, Струга и Прилеп се дел од градовите во кои во ек на епидемија нема МРП вакцини.
Овие информации кои надлежните се обидоа да ги прикријат ги потврдивме директно од центрите за имунизација претставувајќи се како родители кои сакаат да ги однесат своите деца.

Алфа побара став за ова уште во понеделникот, но Министерството со денови молчеше.
Денеска, пак, министерот за здравство во рок од пет минути даде две контрадикторни изјави.

За подоцна да се предомисли и да каже дека немало меѓутоа до петок ќе биле пратени во сите пунктови кај што има недостаток.

Откако беше прогласена епидемија на ниво на цела Македонија невакцинирани деца не се примаат ниту во градинка ниту во училиште. Ова е уште поголем проблем во оние места каде во моментов нема вакцини.