Во Грција почнуваат процедурите за ратификација на Договорот од Преспа

Во Грчкиот парламент денеска започнуваа процедурите за ратификација на Преспанскиот договор. Комисијата за национална одбрана и надворешни работи попладнево ќе го разгледува нацрт законот за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа. Претходно претседателот на парламентот, Никос Вуцис, ќе одржи состанок со потпретседателите за да се одреди колку состаноци ќе одржи комисијата и кога ќе биде закажана пленарната седница. Нацрт законот во саботата беше доставен до грчкиот Парламент, а се очекува да се изгласа до петок.

Поради Преспанскиот договор вчера во Атина беа организирани големи демонстрации на кои дојде и до судири со полицијата, при што имаше повредени и уапсени лица.