Во Визбегово отворена фабрика за воена опрема, власта не прави ништо за подобрување на инфраструктурата

Шлемови и воена опрема наменети за армијата и полицијата ќе произведува новата фабрика за композитни производи – АТС Груп, сместена во индустриската зона Визбегово кај Скопје. Станува збор за гринфилд инвестиција од три милиони евра, која за почеток вработува 80 луѓе. Газдата кој долги години работел во странство, решил бизнисот да го продолжи во земјава. Рече дека вложува во современи машини за автоматско производство кое ќе гарантира висок квалитет според НАТО стандардите.

Сопственикот на објектот Шевшет Демировски, кој по повеќедецениска работа во странство одлучил да инвестира во земјава, истакна дека објектот што е дел од АТС групацијата, е гринфилд инвестиција опремена со современи машини од најновата генерација за автоматско производство кое ќе гарантира висок квалитет според НАТО стандардите. Годишниот обрт на производство на компанијата очекува да изнесува 30 милиони евра. Финалниот производ е наменет за извоз на странските пазари пред се во Европа, Турција и Катар. Најави и нови дополнителни инвестиции од околу 800.000 евра.

Новата фабрика се отвора во индустриската зона Визбегово. Тука со години егзистираат стотици компании кои вработуваат илјадници луѓе. Еден од клучните проблеми за сите, за што се алармира низ годините е слабата инфраструктура. Стопанствениците повеќепати алармираа за лошата инфраструктура. До зоната има пат кој е стар децении и полн со дупки. Властите само ветуваат, но не го решаваат проблемот:

Премиерот пак рече дека се работи на унапредување на условите за инвестирање во зоната Визбегово. Вели дека во тек била изградба на водоводна мрежа, како и тендер за изградба на канализациска мрежа, проекти што се спроведуваат со матичните општини.

Колку за бизнисот е важна инфраструктурата покажува и послената анализа на Европската комисија. Во неа се предвидува дека земјава во наредниот период може да реализира повисок економски раст. Но исто така и се предупредува дека инвестициите можат да бидат доведени во прашање поради слаба имплементација на планираните инфраструктурни проекти.

Борис Грујоски