Во Битола утре протест поради смртта на шестгодишната Јана

„Сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, но, ова ми е најтешка – Напиша кумот на прерано починатата Јана од битолско, Игор Петковски, кој под мотото „Правда за Јана“ за утре во 19 часот најави протест на плоштадот Магнoлија, на кој битолчани ќе ја бараaт правдата и вистината за смртта на 6 годишното девојче.

И додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде одговори, семејството, роднините и пријателите на Христовски, кој го организираат протестот, велат дека имаат за цел да го насочат вниманието кон македонското здравство.

  • „Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка, најемотивна и неопишливо жална и болна….
    Битката за барање #ПравдаЗаЈана која однапред знаеме дека институционално ја губиме не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско “ТОА Е”. Туку да се ОБЕДИНИМЕ,да се видиме сите Среда 29.03 на плоштад Магнолија во 19:00 часот, да кажиме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО, тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!“ – Напиша Петковски на Фејсбук.

Засега протестот е најавен само за во Битола, но, се очекува да се прошири и во другите градови.
Семејството се сомнева дека причина за смрта на малата Јана е тоа што била третирана со гликозна инфузија и покрај лабараториските резултати, за кои тврдат дека покажувале висок шеќер во крвта.

Во меѓувреме, Државниот санитарен и здравствен инспекторат по извршениот вонреден инспекциски надзор во болницата, информираше дека не биле констатирани недостатоци во лекувањето на Јана во рамки на нивните надлежности.

Инаку, Јана почина минатата недела на Детското одделение во битолската болница каде била донесена со симптоми на настинка и повраќање.

Никола Цветкоски

Advertisements