Во Битола се чествуваше делото на Ќемал Ататурк

Денеска во Битола, во присуство на високи воени делегации, со свечена церемонија во Завод и музеј каде што некогаш била Воената идадија на тогашната Трета турска армија, беше одбележана 120 – годишнината од завршувањето на воената гимназија на Мустафа Ќемал Ататурк, основоположник и вечен воен командант на Турската Република. За ликот и делото на овој светски политичар и воен командант, обраќање имаа претставниците на турската и македонската воена делегација.

  • Битола како еден од најзначајните центри на Република Северна Македонија, а воедно и воената гимназија во Битола, има значајно место во животот на Мустафа Ќемал Ататурк во здобивањето на нови мисли, нои погледи и хоризонти. Воената гимназија во Битола е значајна воено-образовна институција која што придонела во оформувањето на лидерските особености на Ататурк – рече во своето обраќање Алтан Ер, бригаден генерал во Турската аермија.
    – Република Tурција како наш стратешки партнер, перманентно и помага на нашата армија со воена опрема. Би сакал да напоменам дека во изминатите години, оваа финансиска помош во континуитет значително се зголемува – рече генерал-мајор Азим Нуредин.

Манифестациите по повод годишнината од дипломирањето на Ќемал Ататурк во Воената гимназија во Битола се одбележуваат од 2010 година и се пренесуваат длабоките траги од заедничата историја, при тоа, зацврстувајќи ги воените, економските и културните односи на двете држави, беше речено на денешната церемонија.

Петар Стефановски