Во Битола се одржува Форум на филмските градови од мрежата на УНЕСКО

Во Битола за прв пат се одржува Форум на филсмките гардови на УНЕСКО, откако конзулскиот град во 2015-та година стана дел на семејството од тринаесет градови на оваа мрежа, единствен од Македонија.

Форумот има за цел развој и промоција на филмската индустрија и развој на националните капацитети во овој сектор. Организатор е Здружението “Центар за филм“ од Битола, а гости се еминентни претставници од Брадфорд, Лоѓ, Бристол, Галвеј, Рим и Софија.

„Се надеваме дека со овој форум ќе се создаде една платформа во која во иднина ќе соработуваат градовите понеѓу себе, ќе рзменуваат идеи и ќе биде важен за развој на економијата“, рече Весна Ристовска, претседател на Здружението “ Центар за филм“ од Битола.

Дека соработката и размената на креативни и економски искуства во мрежата на овој кластер на УНЕСКО може да донесе огромни бенефити е примерот со Софија, во која филмската индустија генерира огромни буџетски средства во бугарската престолнина.

„Филмската индустрија е еден од трите сектори во бугарската држава кој има непреќинат еконосмки раст, има странски инвестиции кои постојано растат и всушност тоа е големата полза со која можеме Софија да ја наречеме град на филмот“ рече Дијана Андреева, директор на Опсерваторијата по економика на културата во Софија.

На синоќешното отворање на Форумот, беше прожектиран реставрираниот филмски класик “Еден посебен ден“ од славниот италијански режисер Еторе Скола, а вечерва ќе бидат прикажани филмовите “Македонија во слики“ од Арсениј Јовков и “Манаки, приказна во слики“ од Роберт Јанкуловски.

Пеце Стефановски