Во Атина утре нов протест против Договорот од Преспа

Protesters shout slogans as they hold Greek flags during a rally in Athens, Sunday, Feb. 4, 2018. Protesters were arriving in the Greek capital for what is expected to be a massive rally Sunday afternoon to protest a potential Greek compromise in a dispute with neighboring Macedonia over the former Yugoslav republic's official name. (AP Photo/Petros Giannakouris)

„Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“, организацијата која стои зад протестите против Договорот од Преспа, ги повикува Грците утре попладне, во пресрет на гласањето за ратификација на договорот да излезат на плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент, „да го изразат нивното противење за криминалот што ќе биде извршен во парламентот“ .

-Во среда на 23 и четврток на 24 јануари, никој од нас да не оди на работа. Продавниците, бизнисите, училиштата да останат затворени, државните службеници да не се појават во нивните служби, грчкото знаме на пола копје да се постави на секој дом, камбаните на црквите да бијат во знак на жалост. Секој Грк и секоја Гркинка, им го должиме тоа на оние кои ги оставија нивните семејства и се жртвуваа за Македонија да остане грчка, пред околу 100 години, соопштуваат организаторите.